Свет maxresdefault

25 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (5)

Во рамките на оскаровската ретроспектива, деновиве се потсетуваме на сите теми што во текот на годините биле наградени со престижната златна статуетка во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни од 1934-1944 година, од 1945-1954 ќе ги најдете во вториот дел, од 1955-1964 во третиот дел, а од 1965-1974 година во четвртиот дел.

И во оваа декада преовладуваат баладите, како и по некој денс хит што се слуша и до денес, а кои песни триумфирале од 1975 до 1984 година слушнете во продолжение. За секоја тема наведени се годината, насловот на песната и филмот, авторите и изведувачите. Уживајте!

1975 – I’m Easy (Нешвил) / автор и изведувач: Кит Карадин

 

1976 – Evergreen (Ѕвездата е родена) / автори: Барбра Страјсенд и Пол Вилијамс / изведувач: Барбра Страјсенд

 

1977 – You Light Up My Life (Ми го осветлуваш животот) / автор: Џозеф Брукс / изведувач: Кејси (Квитка) Цисик

*одлична верзија сними и Тоше Проески

 

1978 – Last Dance (Конечно петок) / автор: Пол Џабара / изведувач: Дона Самер

 

1979 – It Goes Like It Goes (Норма Реј) / автори: Дејвид Шајр и Норман Гимбел / изведувач: Џенифер Ворнс

 

1980 – Fame (Слава) / автори: Мајкл Гор и Дин Пичфорд / изведувач: Ајрин Кара

 

1981 – Arthur’s Theme (Best That You Can Do) (Артур) / автори: Барт Бакарак, Керол Бејер, Кристофер Крос и Питер Ален / изведувач: Кристофер Крос

 

1982 – Up Where We Belong (Офицер и џентлмен) / автори: Џек Ниче, Бафи Сент-Мари и Вил Џенингс / изведувачи: Џо Кокер и Џенифер Ворнс

 

1983 – Flashdance… What a Feeling (Флешденс) / автори: Џорџо Мородер, Кит Форси и Ајрин Кара / изведувач: Ајрин Кара

 

1984 – I Just Called to Say I Love You (Жената во црвено) / автор и изведувач: Стиви Вондер

 

ЧЕТВРТИ ДЕЛ                    ШЕСТИ ДЕЛ…



Врати се горе ↑