Свет maxresdefault

22 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (4)

Во рамките на оскаровската ретроспектива, деновиве се потсетуваме на сите теми што во текот на годините биле наградени со престижната златна статуетка во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни од 1934-1944 година, од 1945-1954 во вториот дел, од 1955-1964 во третиот дел, а сега продолжуваме со четвртата десетка од периодот меѓу 1965-1974 година.

За секоја тема наведени се годината, насловот на песната и филмот, авторите и изведувачите. Уживајте!

1965 – The Shadow of Your Smile (Песочниот витез) / автори: Џони Мандел и Пол Френсис Вебстер

 

1966 – Born Free (Родени слободни) / автори: Џон Бери и Дон Блек / изведувач: Мет Монро

 

1967 – Talk to the Animals (Д-р Дулитл) / автор: Лесли Брикус / изведувач: Рекс Харисон

 

1968 – The Windmilss of Your Mind (Аферата Томас Краун) / автори: Мишел Легран, Алан и Мерилин Бергман / изведувач: Ноел Харисон

 

1969 – Ranidrops Keep Fallin’ on My Head (Буч Кесиди и Санденс Кид) / автори: Барт Бакарак и Хал Дејвид / изведувач: Би-Џеј Томас

 

1970 – For All We Know (Љубовници и други странци) / автори: Фред Карлин, Роб Ројер и Џими Грифин / изведувач: Лери Мередит

 

1971 – Theme from Shaft (Шафт) / автор и изведувач: Ајзак Хејс (снимка од настапот на доделувањето во 1972 година)

 

1972 – The Morning After (Авантурата на Посејдон) / автори: Ал Каша и Џоел Хиршхорн / изведувач: Керол Линли

 

1973 – The Way We Were (Какви што бевме) / автори: Марвин Хамлиш, Алан и Мерилин Бергман / изведувач: Барбра Страјсенд

 

1974 – We May Never Love Like This Again (Пеколна кула) / автори: Ал Каша и Џоел Хиршхорн / изведувач: Морин Мекгаврн

…ТРЕТ ДЕЛ       ПЕТТИ ДЕЛ…



Врати се горе ↑