Аудио maxresdefault

20 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (3)

Во рамките на оскаровската ретроспектива, деновиве се потсетуваме на сите теми што во текот на годините биле наградени со престижната златна статуетка во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни, вторите десет ќе ги најдете во вториот дел, а сега продолжуваме со третата десетка од периодот 1955-1964 година, меѓу кои се најдоа и познатите евергрини Qué Será, Será“, „Moon River“, како и „Chim Chim Cher-ee“ од легендарниот Дизниев мјузикл „Мери Попинс“.

Во продолжение Ве очекуваат 10 одлични песни од ерата на холивудските мјузикли, песни кои во текот на времето биле препеани од многу други изведувачи. За секоја тема наведени се годината, насловот на песната и филмот, авторите и изведувачите. Уживајте!

1955 – Love Is a Many-Splendored Thing (Љубов – најголемата сила на светот) / автори: Семи Фејн и Пол Френсис Вебстер / изведувач: Енди Вилијамс

 

1956 – Qué Será, Será (Whatever Will Be, Will Be) (Човекот што знаеше премногу) / автори: Џеј Ливингстон и Реј Еванс / изведувач: Дорис Деј

 

1957 – All The Way (Лудиот шегобиец) / автори: Џими Ван Хаусен и Семи Кан / изведувач: Френк Синатра

 

1958 – Gigi (Жижи) / автори: Фредерик Лоу и Алан Џеј Лернер / изведувач: Луи Журдан

 

1959 – High Hopes (Дупка во главата) / автори: Џими Ван Хаусен и Семи Кан / изведувачи: Френк Синатра и Еди Хоџис

 

1960 – Never on Sunday (Никогаш во недела) / автор: Манос Хаџидакис / изведувач: Мелина Меркури

 

1961 – Moon River (Појадок кај Тифани) / автори: Хенри Менсини и Џони Мерсер / изведувач: Одри Хепберн

 

1962 – Days of Wine and Roses (Денови на вино и рози) / автори: Хенри Менсини и Џони Мерсер

 

1963 – Call Me Irresponsible (Неодговорниот татко) / автори: Џими Ван Хаусен и Семи Кан / изведувач: Џеки Глисон

 

1964 – Chim Chim Cher-ee (Мери Попинс) / автори: Ричард и Роберт Шерман / изведувач: Дик Ван Дајк

…ВТОР ДЕЛ             ЧЕТВРТИ ДЕЛ…



Врати се горе ↑