Аудио maxresdefault

19 јануари, 2016

Најдобрите песни наградени со Оскар (2)

Непосредно пред 88. доделување на академските филмски награди, периодов се потсетуваме на песните што низ годините биле наградени во категоријата „Најдобра оригинална песна“. За тоа кога била воведена оваа категорија и кои се условите и правилата што треба да ги исполнува една песна за да биде номинирана, можевте да прочитате во првиот дел од оваа рубрика, во чии рамки ги сместивме и првите десет песни наградени со златната статуетка. Меѓу изведувачите од таа декада доминираа легендарните Бинг Крозби и Фред Астер, како и Џуди Гарланд со безвременската „Over the Rainbow“ од „Волшебикот од Оз“, а сега продолжуваме со темите што триумфираа од 1945 до 1954 година.

Во продолжение Ве очекуваат 10 одлични песни од ерата на холивудските мјузикли, песни кои во текот на времето биле препеани од многу други изведувачи. За секоја тема наведени се годината, насловот на песната и филмот, авторите и изведувачите. Уживајте!

1945 – It Might As Well Be Spring (Државен панаѓур) / автори: Ричард Роџерс и Оскар Хамерстајн II / изведувач: Џин Крејн

 

1946 – On the Atchison, Topeka and the Santa Fe (Дејвојките Харви) / автори: Хари Ворен и Џони Мерсер / изведувач: Џуди Гарланд

 

1947 – Zip-a-Dee-Doo-Dah (Песна од Југот) / автори: Ели Рубел и Реј Гилберт / изведувач: Џејмс Баскет

 

1948 – Buttons and Bows (Бледоликиот) / автори: Џеј Ливингстон и Реј Еванс / изведувач: Боб Хоуп

 

1949 – Baby, It’s Cold Outside (Ќерката на Нептун) / автор: Френк Лесер / изведувачи: Рикардо Монталбан и Естер Вилијамс (Ред Скелтон и Бети Гарет, во друга сцена од истиот филм)

 

1950 – Mona Lisa (Капетан Кери, САД) / автори: Реј Еванс и Џеј Ливингстон / изведувачи: Чарли Спивак и Томи Лин (*најпозната верзија е онаа од Нет Кинг Кол)

 

1951 – In the Cool, Cool, Cool of the Evening (Доаѓа младоженецот) / автори: Хоги Кармајкл и Џони Мерсер / изведувачи: Џејн Вајман и Бинг Крозби

 

1952 – High Noon (Do Not Forsake Me, Oh My Darling) (Точно на пладне) / автори: Димитри Тиомкин и Нед Вашингтон / изведувач: Текс Ритер

 

1953 – Secret Love (Несмасната Џејн) / автори: Семи Фејн и Пол Френсис Вебстер / изведувач: Дорис Деј

 

1954 – Three Coins in the Fountain (Три парички во фонтаната) / автори: Џул Стајн и Семи Кан / изведувач: Френк Синатра

 

ПРВ ДЕЛ                                                                                                                                  ТРЕТ ДЕЛ

И.Ј.



Врати се горе ↑