Свет Frank-Ocean

20 декември, 2012

Најдобрите албуми за 2012 година во Британија

Ланецот на продавници HMV собра податоци од најразлични публикаци како што се NME, The Guardian, The Times, BBC, Mojo, Evening Standars и Rolling Stone и состави листа на албуми, т.н. „избор од сите избори“. За изборот на најдобар албум во 2012 година, менаџероѕ на компанијата HMV Џон Хирст изјавил: „Не е изненадување тоа што Френк Оушн заврши на место бр. 1, тој е многу талентиран, а за него луѓето зборуваат веќе неколку години. Иако личи на Стиви Вондер, тој успеа да разбие одредени хип-хоп стереотипи“.

Во продолжение погледнете ги првите десет места од „изборот на сите избори“:

  1. Frank Ocean – Channel ORANGE
  2. Jack White – Blunderbuss
  3. Tame Impala – Lonerism
  4. Grimes – Visions
  5. Grizzly Bear – Shields
  6. Jessie Ware – Devotion
  7. Kendrick Lamar – Good Kid, mAAd City
  8. Beach House – Bloom
  9. The Maccabees – Given To The Wild
  10. Alt-J – An Awesome Wave

Извор: mtv/nme



Врати се горе ↑