Македонија Dan Limaj 156

5 октомври, 2015

Најдобриот програмер на Балканот е Македонец‏

Програмерот кој со својот атрактивен изглед го привлече вниманието на турските медиуми и успеа за брзо време да стане успешен модел во модниот свет, повторно го освојува Балканот, но овој пат како програмер.

Имено, според статистиката на светската банка „СитиБанк“ за првата половина на 2015 година на првото место од програмерите на Балканот се најде токму Рамадан Дан Лимај, кој живее и работи во Македонија, но поради своите работни обврски поголемиот дел од годината го поминува надвор од границите на нашата земја. Моменталната вредност на неговите апликации објавени на „Play Store“ и „App Store“ се проценува на околу 86 милиони долари, со голема тенденција на раст.

Со цел да ги постигне сите барања на своите клиенти и без да влијае на работата големата временска разлика меѓу Македонија и клиентите кои најчесто се од Австралија, Америка, Канада и Англија, Рамадан составил тим од 30 професионални програмери од Македонија, Албанија, Србија и Косово, кои организирано работат во смени 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Инаку „СитиБанк“ е онлајн банка преку која светскиот гигант „Гугл“, и сега неговата нова матична компанија „Алфабет“ ги исплаќаат средствата до корисниците низ целиот свет, па статистиката на банката се смета за најверодостојна и најтранспарентна.

Во последниот период Лимај е ангажиран околу исполнување на својот најголем сон, односно креирање на апликација за „Андроид“ за комуникација, која со својата иновативност треба да им биде директен конкурент на светски познатите сервиси Facebook Messenger, Viber, Skype, WhatsApp и SnapChat.

Дан Лимај минатата година стана заштитно лице на голем турски гигант, а договорот со компанијата беше проценет на илјадници евра. Кон крајот на 2014 година, Лимај потпиша договор со Алек Наумовски и популарната модна агенција „Моделс ин“ од Скопје, која го имаше ексклузивното право да го ангажира за реклами на територијата на Република Македонија. Успешниот програмер кој поради атрактивниот изглед брзо го освои модниот свет, го видовме и во рекламна кампања за пролетна колекција на рачно изработени костими од македонскиот бренд „Signori“.



Врати се горе ↑