Балкан Venera Lumani

27 јануари, 2013

Најдобриот глас на Албанија е од Струга

Младата девојка Венера Љумани која потекнува од Струга, минатиот петок ја шокираше публиката со својот ангелски вокал.

По втор пат во соседна Албанија се организира светски признато музичко шоу „The Voice“,  лиценцата во моментов ја поседува Top Channel – Албанија, каде во изминатите четири месеци со помош на четиричлено жири го бараа најдобриот вокал.

Во конкуренција со четворица финалисти,  во голема трка со илијадници пријавени со титулата за „Гласот на Албанија“  се здоби  Венера Љумани.

Имено Венера во моментов студира на музичката академија во Скопје и долго време се занимава со музика, повеќемина ја паметат како учесник на шоуто „Star Academy“ во Албанија.

Со задоволство Ви ги препорачуваме следните видеа:

 

 



Врати се горе ↑