Свет article_big_1362496755most_common_song_names_billboard_site_screenshot

6 март, 2013

Најчести имиња на песни на американската сингл листа

Инспирирани од новиот сингл на групата Алабама Шејкс, песната „Hold On“ која минатата недела дебитираше на Hot 100 сингл листата, магазинот Billboard и агенцијата Nielsen SoundScan се запрашале дали ова е едно од најчестите имиња на песните кои се појавувале на оваа листа. Новинарот Гери Траст решил да ги земе работите (и податоците) во свои раце и по прегледувањето на насловите на преку 25 000 песни кои се појавиле на официјалната американска листа од 1958 година, стигнаа резултатите кои можете да ги видите во продолжение. Дури 12 наслови на песни се појавуваат десет или повеќе пати, а апсолутен шампион сепак бил насловот „Hold On“ (на списокот прво е прикажан бројот на песни со ист наслов, потоа најуспешен изведувач и највисока позиција на листата, а на крајот годината на објавување на најуспешната песна):

 

  1. 16 X “Hold On” – најдобар пласман во изведба на: Wilson Phillips, број 1, 1990.
  2. 14 X “Runaway” – најдобар пласман во изведба на: Del Shannon, број 1, 1961.
  3. 13 X “You” – најдобар пласман во изведба на: Lloyd feat. Lil Wayne, број 6, 2007.
  4. 13 X “Happy” – најдобар пласман во изведба на: Ashanti, број 8, 2002.
  5. 13 X “Angel” – најдобар пласман во изведба на: Shaggy feat. Rayvon, број 1, 2001
  6. 12 X “Forever” – најдобар пласман во изведба на: Chris Brown, број 2, 2008.
  7. 11 X “Without You” – најдобар пласман во изведба на: Nilsson, број 2, 1972.
  8. 11 X “Stay” – најдобар пласман во изведба на: Maurice Williams & the Zodiacs, број 1, 1960.
  9. 11 X “I Need You” – најдобар пласман во изведба на: America, број 1, 1972.
  10. 11 X “Crazy” – најдобар пласман во изведба на: Gnarls Barkley, број 2, 2006.
  11. 10 X “Smile” – најдобар пласман во изведба на: Scarface feat. 2Pac & Johnny B, број 12, 1997.
  12. 10 X “I Want You” – најдобар пласман во изведба на: Savage Garden, број 4, 1997.

 

За крај, да се потсетиме на големиот хит „Hold On“  од 1990 година во изведба на девојките од групата Вилсон Филипс.

Извор: Billboard/MTV



Врати се горе ↑