Свет jb

26 ноември, 2014

Најбогатите познати личности помлади од 30 години

Списанието „Форбс“ деновиве ја објави својата најнова листа, а овој пат предмет на истражување беа најбогатите славни личности помлади од 30 години, која ја сочинуваат претежно музичари. Без големо изненадување, на самиот врв се најде канадската сензација Џастин Бибер (20), кој во периодот од јуни 2013 до јуни 2014 година заработил цели 80 милиони долари, сето тоа благодарение најмногу на неговата светска турнеја.

На второто место со заработувачка од 75 милиони долари се најде британската сензација „Уан дајрекшн“, а веднаш позади нив, со 64 милиони долари, се најде Тејлор Свифт. Единствената актерка на оваа листа е Џенифер Лоренс, која во изминатите година дена заработила 34 милиони долари. 10-те најбогати познати личности помлади од 30 години според „Форбс“ можете да ги видите во продолжение.

1. Џастин Бибер – $80 милиони

2. Уан дајрекшн – $75 милиони

3. Тејлор Свифт – $64 милиони

4. Бруно Марс – $60 милиони

5. Ријана – $48 милиони

6. Мајли Сајрус – $36 милиони

7. Џенифер Лоренс – $34 милиони

8. Лејди Гага – $33 милиони

9. Авичи – $28 милиони

10. Скрилекс – $18 милиони



Врати се горе ↑