Настани 382230_10200594935055124_1687620648_n

11 март, 2013

Најавениот настап на ГМС во Скопје ја потресе Балканската транс-сцена

Најавата за најдобар RCF Sound System, најголемото ласер шоу, како и 3D визуелните анимации на 16ти март, датумот кога пионерите со срушени рекорди на слушаност и настапи во историјата на психоделичниот транс – GMS ќе ја спроведат својата мисија – враќање на урбаниот пулс на Скопје, предизвика голема мобилизација на сите љубители на транс звукот од целиот Балкан.

Фактот што Growling Mad Scientists – GMS веќе подолго време немале свој настап на овие простори, предизвика секојдневно полнење на е-поштата на организаторот SUN PRODUCTION со барања за резервации како и други информации во врска со настанот од страна на слушателите на овој звук од Бугарија, Косово, Србија, Грција…

„Можноста да се организира настан, кој од самиот почеток ветува успех е реткост. Благодарение на GMS, по неколку години пауза, повторно ќе уживаме во вистински транс спектакл на кој веќе имаме договорено многу пријатели и слушатели на овој звук од целиот Балкан. Целосната слика досега покажува дека настанот ќе биде еден од најпосетуваните во периодов, но не само квантитативно туку и квалитативно, т.е со вистински клабери кои по долго време очекуваат вистинска журка“ – вели Дарко од Продукција Сонце.

Како домашна подршка, покрај легендарните Growling Mad Scientists – GMS, ќе уживаме во звукот на  мисионерите од нашиот регион:

DARE Vs ECI
– SOUND KILLAH
– DEJAN DOGY
– KOX (Galactic Explorers)

Стартот на урбаниот хепенинг е 23:00 часот, а финишот е индивидуално прашање на кондиција.

Влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 300 денари почнувајќи од среда, 6тимарт, во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС ширум републиката.



Врати се горе ↑