Свет 10846152_773309486039986_2141505286845831459_n

17 декември, 2014

Најавени првите изведувачи на британските музички награди

Иако Би-би-си годинава започна да доделува свои награди, сепак допрва доаѓа најважната ноќ за британската музичка индустрија, а тоа е доделувањето на британските музички награди, познати како „БРИТ награди“. Иако има време до главната церемонија, закажана за 25 февруари следната година, веќе се потврдени првите изведувачи кои со своите настапи ќе ја збогатат претстојната манифестација, а тоа се популарните британски ѕвезди Сем Смит и Ед Ширан, како и „жената на годината според ’Билборд’“Тејлор Свифт.

Популарната кантри и поп пејачка до сега имала две номинации во категориите „Интернационален уметник во подем“ (2010 година) и „Интернационален женски соло уметник“ (2013 година), а на минатогодишното доделување настапи со хитот „I Knew You Were Trouble“.

 

Музичарот кој Би-би-си го прогласи за најдобар британски уметник за 2014 година, Ед Ширан до сега освоил две британски награди во категориите „Изведувач во подем“ и „Најдобар машки уметник“ (2012 година), а Сем Смит беше минатогодишниот „Избор на критичарите“, награда која ја добиваат уметници од кои најмногу се очекува во следната година и која и тоа како ја оправда со планетарниот успех на првенчето „In The Lonely Hour“ и рекордниот број на номинации за претстојните Греми награди.

Номинациите за јубилејното 35. доделување на британските музички награди ќе бидат објавени на почетокот на следната година, а на победниците и настапите од последната манифестација можете да се потсетите овде.

 



Врати се горе ↑