Македонија

8 јули, 2019

Најавена втора сезона на „Ѕвезда број 1“

Неодамна заврши првата сезона на талент-шоуто „Ѕвезда број 1“, кое се роди заедно со обновувањето на прилепскиот фестивал „Мел-фест“ и во чии рамки уште еднаш се уверивме дека Македонија е расадник на музички таленти, а организаторите најавија дека потрагата по нова ѕвезда број 1 ќе продолжи и со втора сезона.

„Сите финалисти од првата сезона во нашето шоу направија да се почуствуваме горди. Уште повеќе сме среќни што сите заедно дадовме придонес и освежување со нови музички имиња на македонската забавна музичка естрада. Како што знаете, за победник на ’Мел-фест талент-шоу’ беше прогласена младата битолчанка Јована Здравевска. Таа со својот извонреден вокал ја освои публиката во Македонија. Сите едногласно во жири комисијата ја подржаа и ја прогласија за победник, познатите звезди на македонската забавна естрада, познатите композитори и новинари, како и бизнис-секторот беа за Јована, со што се потврдија нормите на ’Арт10 продукција’ дека никогаш, дури од времето кога ’Мел-фест’ и ’АРТ10’ го открија и промовираа Тоше Проески, не се променети, искрено до крај, борба за најдобриот и победа за најдобриот“, пишува во соопштението од директорот на „Арт10“, Пеце Стоикоски, кој додаде дека квалитетот не изостануваше и кај другите кандидати, па затоа продукцијата ќе работи и со нив во следниот период.

„Наскоро ќе бидат промовирани плановите за победникот и останатите. ’Ѕвезда број 1’ продолжува со 2 сезона. Очекувајте уште поголемо и помасовно шоу, со уште поголеми награди. Очекувајте спектакл кој ќе го оправда тврдењето дека нашата нација располага со врвни таленти, а ние преку песна ќе ја упатиме пораката до светот дека ’Нотите немаат јазик. Светот треба да пее, младите треба да се среќни, а сите ние заедно со нив’“, заклучи тој.

⭐️⭐️⭐️ Пеце Стоикоски , директор на “Арт 10 продукција” ✔️ Сите финалисти од првата сезона во нашето шоу направија да…

Gepostet von Zvezda Broj 1 Talent Show am Montag, 8. Juli 2019



Врати се горе ↑