Свет beats_music

14 јануари, 2014

Најавен сервисот „Beats Music“

Како што Ви пренесовме пред година дена, познатиот музички продуцент и рапер Д-р Дре наскоро ќе го лансира својот нов музички сервис, односно стриминг платформата Beats Music, која ќе пристигне за една недела. Како што пишува магазинот Billboard, во развивањето на оваа платформа која ќе функционира како „специјални плејлисти“, односно „интернет радио станици“ и која ќе се натпреварува со сервиси како што се Rhapsody, Slacker, XboxMusic, Rdio или Sony Music Unlimited, учествувале и Трент Резнор, Иан Роџерс и тимот кој стои позади серијата слушалки и други производи на брендот „Beats By Dre“. Она што овој сервис ќе го направи поинаков од другите се токму претходно подготвените плејлисти од страна на професионални радио водители и музичари.

Сервисот Beats Music ќе биде лансиран на 21-ви јануари, а повеќе информации околу тоа што можат да го очекуваат корисниците можете да прочитате во текстот “User’s Guide: How Beats Music Works”  на Billboard.biz.

 



Врати се горе ↑