Настани Sahara balkanski miroven festival 4

12 септември, 2013

Најавен Сахара балканскиот мировен фестивал

Поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди со сопствени фондации, претставници од балканските земји ќе бидат дел од гостите на Сахара балканскиот мировен фестивал, кој ќе се одржи во Скопје на 2-ри октомври. Овој датум е избран како роденден на Махатма Ганди и прославуван од Обединетите Нации како Меѓународен ден против насилството. Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија.

„Ако нема мир, тоа значи дека сме заборавиле дека си припаѓаме едни на други. Оваа порака од Мајка Тереза беше вистинската инспирација за овој настан. Да се соберат на едно место луѓе кои посакуваат мир, работат за мирот и се обидуваат да ја променат реалноста е навистина добра можност да се прати порака насекаде низ регионот и светот, особено во денешните турбулентни времиња. За помалку од месец, Скопје ќе собере голем број на гости и заедно, ќе се обидеме да отвориме нова страница на фестивалот, кој ќе прерасне во традиција“ – изјави Амриш Чандра, главен координатор на Сахара балканскиот мировен фестивал.

Фестивалот беше најавен вчера со несекојдневен перформанс во центарот на Скопје, каде група танчери го привлекоа вниманието на минувачите во овој дел од градот„Вакви настани ќе бидат организирани не само во Македонија, туку и во други држави. Сакаме да го посветиме овој месец на мирот и поради тоа, постојано ќе потсетуваме дека си припаѓаме едни на други во Мир“ –  додаде Чандра.

Глобална химна на мирот, испеана од голем број на познати пејачи ќе биде промовирана на денот на настанот. Во наредните неколку денови, официјалната програма на фестивалот ќе биде објавена, заедно со листата на официјални гости.



Врати се горе ↑