Настани vlado-rozga-mars-2013

25 октомври, 2013

Награди за Владо Георгиев и Јелена Розга на МАРС 2013

Хрватската пејачка Јелена Розга и српскиот музичар Владо Георгиев ќе добијат награди за „Ѕвезди од соседството“ на претстојниот радиски фестивал МАРС 2013. Шестото издание на оваа манифестација, која годинава ќе има содржински и визуелен редизајн, ќе се одржи на 26-ти ноември во Универзална сала.

„Јелена Розга и Владо Георгиев специјално ќе допатуваат во Скопје за да ги примат наградите на МАРС 2013. Со своето присуство и настапи тие ќе ја збогатат програмата и ќе го подигнат реномето на фестивалот, кој и понатаму останува ревија на најпопуларните македонски музички ѕвезди, кои во една вечер нудат парада на најслушаните хитови во 2013 година“ – велат од организацијата.

Розга е поранешен вокал на групата Магазин, која сега има успешна соло-кариера. Од нејзиниот последен албум „Бижутерија“, големи радиохитови во регионот се нумерите: „Она или ја“, „Kарантена“, „Соло-играчица“, „Нирвана“ и „Обожавам“. Георгиев, пак, е познат музичар, композитор, текстописец, продуцент и пејач. Kомпозициите од неговото ново издание „Даљина“, кое се појави во почетокот на јуни, ги преокупираа фреквенциите на стотици радиостаници во земјите од поранешна Југославија.

Селекцијата на најпопуларните годинашни радиохитови како и досега ја вршат 45 локални, регионални и национални радиостаници низ Македонија. Петнаесетте највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер, која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на националниот сервис – МРТ.

Извор: Дневник



Врати се горе ↑