Македонија

6 февруари, 2013

Награда за животно дело од „Златна бубамара“ за Виолета Томовска

Легендата на македонската народна песна Виолета Томовска ќе ја добие наградата за животно дело на „Златна бубамара на популарноста“, настан кој ќе се одржи на 21 февруари во Универзалната сала.

„Во нејзината богата 50-годишна музичка кариера ги има отпеано речиси сите македонски песни кои се дел од ризницата на нашето големо музичко богатство“, велат од тимот на Златна бубамара, која годинава се одржува по 16. пат. Виолета, која е родена во 1945 година во Битола, има снимено преку 500 песни, меѓу кои и незаборавните дуети што ги отпеа заедно со легендите Никола Бадев, Кирил Манчевски, Пепи Бавтировски, Јонче Христовски, Наум Петревски,Танец…

Мотото на овогодишното издание на Златна бубамара е: „Мелем за душа“, а билетите по цена од 1.000 денари се веќе пуштени во продажба од завчера.

 



Врати се горе ↑