Аудио наде

23 март, 2016

Наде Талевска прашува „Колку може да боли љубовта?“

И покрај ангажманите како солист во Македонската опера и балет, Наде Талевска сепак наоѓа време да биде дел и од македонската забавна сцена, па после минатогодишниот хит „Живеам“, пејачката денеска го претстави своето најново музичко парче. Станува збор за баладата насловена „Колку може да боли љубовта“, за која Талевска повторно соработуваше со Александар Масевски (музика, аранжман и продукција) и Биљана Пашариковска (текст), како и колегата Иле Спасев, кој свири на гитара. Како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑