3 септември, 2015

Наде Талевска го претстави видео записот за „Живеам“

Песната Живеам“, која Наде Талевска ни ја претстави во феврури годинава, деновиве конечно го доби и своето видео издание. За екранизацијата на оваа прекрасна песна се погрижи продукцијата „3Д проект студио“, режијата е на Милчо Узунов, директор на фотографија е Сашо Доковски, а асистент на камера Димитар Делиоланов.

Автори на песната се Александар Масевски (музика и аранжман) и Билјана Пашариковска (текст), а на гитара гостува Иле Спасев. Како изгледа оваа интересна видео приказна можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑