Македонија 4188_85693073647_706661_n

15 декември, 2012

Наде Талевска допрва ќе изненадува!

Како што пишува Вечер, многупати разочарана од реченицата „Повеќе среќа следниот пат!“, Наде Талевска честопати посакала да замине од Македонија и да ја продолжи кариерата надвор од границите каде нејзиниот квалитет ќе дојде до израз. Една од најдобрите вокалистки во нашата земја едноставно не го доби посакуваниот резултат на нашата естрада, но тоа воопшто не ѝ пречело да се реализира како врвен вокалист и музичар.

Од неодамна Наде го носи звањето магистер по музичка уметност, а го стекна на Факултетот за музичка уметност, а магистерската диплома ја доби со изведбата на Риголето од Верди. Можеби успесите на естрадата не и се на завидно ниво, но затоа Талевска може да се пофали со тоа што ја толкуваше престижната улога во операта на Лучија од Ламермур овој октомври, а од неодамна и официјално е дел од Македонската опера и балет, каде што потпиша договор за работа како солист на главни улоги.

„Голем дел од желбите ми се реализираа, задоволна сум со статусот магистер, сепак не заминувам засекогаш од македонската естрада. Соработката со Копров продолжува, а планирам и дует со балкански рапер кој нема да го откријам“ – изјавила Талевска.

 



Врати се горе ↑