Македонија

12 април, 2019

Над 70 композиции на конкурсот за „Макфест 2019“

Над 70 композиции пристигнаа на конкурсот што го распиша општина Штип за претстојното 34. издание на популарниот фестивал „Макфест“, кој ќе се одржи во првата половина на октомври, а комисијата веќе започна со првото преслушување на пристигнатите дела, пренесува Радио Штип.

Комисијата составена од уметничкиот директор Владимир Дојчиновски, продуцентот и поранешен уметнички директор Кристијан Габроски, продуцентот Дарко Тасев и координаторот на проектот „Макфест“ – Кирил Панајотов, се договорија да има и второ преслушување, па врз основа на квалитетот ќе се одреди и концептот на годинашното издание на фестивалот.

Фотографија: Радио Штип

Конкурсот беше распишан на почетокот на февруари, а авторите имаа рок да ги испратат своите дела најдоцна до 1 април. Наградниот фонд и годинава ќе изнесува 11.000 евра, односно пет илјади за првопласираната композиција, три илјади за второпласираната и илјада евра за третопласираната композиција, како и по петстотини евра за четирите стручни награди.

Како што соопшти Панајотов, годинава се очекува да се излезе со нов концепт за фестивалот, како вовед за јубилејното 35. издание в година.

 



Врати се горе ↑