Настани 1044260_10151742986058698_591869595_n

1 јули, 2013

Над 30 илјади луѓе на роденденот на Егзит

Во петокот вечерта пред полниот „Трг Слободе“ во Нови Сад настапи феноменалниот Си Ло Грин (CeeLo Green) „Среќен роденден ЕГЗИТ“ беа зборовите со кои го започна концертот оваа вистинска легенда и нè увери дека тој е навистина кралот на соул музиката, ѕвездата со неприкосновен глас и магична енергија. Благодарение на единствената харизма на СиЛо Грин, за прв пат главната бина на Егзит се симна сред градот. Егзит го проникна Нови Сад со единствените позитивни вибрации кои се најдобра најава за Егзит Р:Еволуцијата во полн сјај, која веќе сјае од Петроварадинската тврдина.

По возбудливо поминатиот ден во обиколка на Белград и Нови Сад, разговорите за Егзит фестивалот, и музиката воопшто, по прес конференцијата и собирот со домашната поддршка (Земље грува, Сви на под и Перпетуум мобиле) – сѐ беше подготвено да започне концертот. Извици, коментари и навивање од публиката ја најавија одличната, енергична забава и провод какви што само СиЛо Грин може да им приреди на своите фанови, а на плоштадот во Нови Сад ги имаше повеќе од 30 илјади.

Роденденот на Егзит го отвори составот Сви на под кој покажа зошто ја има наклонетоста и популарноста кај публиката ширум регионот. Следеа и Земља Грува кои со својот настап не престануваа да ги изненадуваат љубителите на новата соул иновативност и посебно со масивниот звук на дувачката секција која и овој пат ја раздрма многубројната публика.

Перпетуум Мобиле и сјајните гласови на Данка Адамов и Ана Перишиќ, приредија феноменален вовед за големата ѕвезда Си Ло Грин. Поздравниот збор на пејачот и искрените, топли честитки, допреа до срцата на публиката, а првото интро од хитот „Lady killer“ предизвика ерупција на воодушевувања меѓу посетителите.

Следеа и „Cry baby“, „Gone daddy gone“ и секако прочуениот хит „Crazy“, со кои одличниот Си Ло покажа колку е значаен пејач и шоумен, предизвикувајќи повеќе од 30 илјади луѓе во еден глас да запеат со него, уживајќи во позитивната енергија на танцот со познатата светска ѕвезда. Концертот заврши со пената „F… you“, на која сите на глас го поздравија неверојатниот  Си Ло.

 

Си Ло пееше до после полноќ и направи роденденот на Егзит да остане во сеќавање на сите како еден исклучителен и одличен настан. Со овој концерт најавен е Егзит фестивалот 2013 и одличната забава која нѐ очекува на фестивалот со Најл Роџерс и Шик (Nile Rodgers & Chic) на 10-ти јули па сѐ до последните журки на Денс-арената.

 

Поскапување на влезниците

Петдневните влезници за ЕГЗИТ сѐ уште се достапни по промотивната цена од 3.580 МКД сѐ до 1-ви јули до полноќ.

По оваа цена, од 2-ри јули, влезниците ќе изнесуваат 4.510 МКД сѐ до 6-ти јули до полноќ.

Актуелната промотивна цена на еднодневните влезници од 1.560 МКД ќе трае до 1-ви јули, до полноќ, а веќе од 2-ри јули цената за еден ден на фестивалот ќе изнесува 1.890 МКД. За време на одржувањето на фестивалот, цената на еднодневните влезници ќе биде поскапа, така што промотивниот период од продажбата е идеална прилика за сите оние на кои ЕГЗИТ им е најубавиот летен период  да дојдат до своите карти на најлесен начин. Официјално продажно место за влезниците за ЕГЗИТ во Македонија е МКтикетс (Југотон – Скопје, ГТЦ, прв кат).



Врати се горе ↑