Концерт W

27 октомври, 2015

Над 2.000 карти продадени досега за скопскиот концерт на „Вајтснејк“

Легендарните „Вајтснејк“ (Whitesnake) досега имаат над 2.000 продадени билети за претстојниот концерт во арената „Борис Трајковски“, што е рекорд на „Авалон продукција“, кога во прашање се светски концерти во Скопје (во овој период, да потсетиме, точно на еден месец пред концерт единствено Лени Кравиц имаше продадено толку билети за концертот кој се одржа во Охрид во 2008 година), јавуваат од продукцијата.

„Вајтснејк“ го вклучија Скопје во рамките на светската турнеја „The Purple Tour“, во која пред македонските фанови ќе го промовираат својот последен музички проект насловен „The Purple album“. Шармантниот рокер Дејвид Кавердејл одлучи да ги вклучи своите омилени песни што ги отпеа своевремено со „Дип парпл“ во периодот од 1973 до 1976 година, песни кои во најголем број ги напиша заедно со Ричи Блекмор.

Навистина, се работи за единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите хитови на „Дип парпл“: „Burn“, „Stormbringer“, „Soldier of Fortune“, „The Gypsy“, како и незаборавните хитови на „Вајтснејк“: „Here I go Again“, „Fool For Your Loving“, „Still Of The Night“, „Is this Love“...

Концертот е закажан за 25 ноември во арената „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон продукција“. Влезниците за овој голем рок спектакл се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com и во Југотон, по цени од: 900 денари за партер, 1.200 денари за трибина и 1.500 денари за фан-пит.

Авалон продукција“ е организатор на концертите на „Вајтснејк“ и во Загреб (21.11.2015 г.) и во Белград (22.11.2015 г.).



Врати се горе ↑