Концерт

12 јули, 2019

Националната опера со „Гала оперски концерт“ на „Охридско лето 2019“

Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт“ што ќе се одржи на 15 јули (понеделник) со почеток во 21 часот, во предворието на црквата Св. Софија – Охрид.

Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на НОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска, а концерт мајстор е Климент Тодорски.

На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Националната опера и балет. Впрочем, првиот настан на „Охридско лето“ на 4 август во далечната 1961 година е солистичкиот концерт на оперската Примадона Aна Липша – Тофовиќ – мецосопран. Тој податок кажува доволно за посветеноста и респектот што ансамблите на Националната Опера и Балет го имаат кон фестивалот „Охридско лето“.

59. издание на „Охридско летосе отвора вечерва, со концерт на светски познатата виолинистка Ванеса Меј, а до затворањето на 20 август публиката ќе има можност да ужива со бројни концерти, театарски претстави и изложби што се дел од богатата програма на фестивалот.



Врати се горе ↑