Настани

8 октомври, 2018

Национален слем-натпревар за избор на македонски претставник на меѓународни слем-натпревари

На 10 октомври, во среда во Прилеп по осми пат ќе се одржи Националниот поетри-слем на кој ќе се избира претставникот/чката за Македонија на Европскиот слем-натпревар за 2019 година. И оваа година настанот ќе се одржи во Градска библиотека Борка Талески, но, за разлика од претходните години, оваа година всушност ќе има два последователни настани. Првиот ќе биде слем-работилница која ќе почнува од 17 ч. и кога ќе се слемира на неколку јавни простори во Прилеп: кај Саат кулата, пред скулптурата на Александар Македонски на плоштадот и пред Центарот за култура „Марко Цепенков“. Од 20 ч. ќе продолжи натпреварувачкиот дел во просториите на градската библиотека.

Годинешните учесници/чки се: Игор Трпче, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Цветанка Колева, Марија Грубор, Сандра Наумовска, Тони Павлески, Константин Карев, Зоран Хемфри Димовски, Роза Милкова, Лидија Стојаноска, Дарко Бошковски, Елена Андоноска, Зоран Тодороски – Ѕ’нда, Кристина Ставревска, Даниела Хаџи-Тонеска и Варунда Кали Види од Тетово, Скопје, Прилеп, Битола, Кавадарци, Велес, Гевгелија и други градови од Македонија. 

Националниот поетри-слем го организираат Игор Трпче, Елена Пренџова и здружението на граѓани „Театарска работилница Прилеп“.



Врати се горе ↑