28 ноември, 2016

На жирито во „Гранд“ не му се допадна песната од Тања Кочовска

12-годишната Елена Наумова е штипјанката која настапи во најновото издание на талент шоуто „Гранд ѕвездички“ и за жал, не успеа да се пласира во следниот круг. Таа отпеа песна од Тања Кочовска, нешто што е реткост да се види во овие српски шоуа и кое заслужува секаква пофалба.

„Не сум нешто одушевен од твојата интерпретација. Вечерва настапи последна, можеби сето тоа исчекување, трема влијаеле на ова“, искоментира Харис Бекорвиќ, член на жирито и момче на Рада Манојловиќ, исто така дел од жирито. Со коментарот на Харис се согласи и Топалко, кому очигледно не му се допадна песната која нашата Елена ја избрала и поради тоа и даде „не“.

„Се гледа дека си талентирана, но требало да избереш поенергична песна. Изборов не ми се допадна. Покрај толку добри македонски забавни и народни песни, ти си ја одбрала оваа песнa“, додаде Топалко. И на останатите членови на жирито изборот на македонската балада не им се допадна. На Рада и Бане не им е јасна целата песна и целата емоција која ја носи со себе, веројатно поради тоа што самите пејат турбо фолк песни во кои главна тема се забави, алкохол и неверства.

Твоите очи сине е култна македонска песна, испеана на „Макфест“ во далечната ’93, кога се знаело што е квалитет и кој може да настапи на таков фестивал. Денес, кога сме преплавени со Грандовите емисии, не е ни чудно што жирито не ја разбра емоцијата на песната.

Настапот на Елена и целата емисија ќе ги гледате во текот на следнава седмица на „Канал 5“.

Извор: ТВ Пакет



Врати се горе ↑