Видео

15 мај, 2019

На Виктор Апостоловски не му е до песна

Виктор Апостоловски на денот на неговиот роденден, во февруари го промовираше својот втор албум „Во срцето“, на кој се сместени вкупно десет песни. Речиси сите од нив беа објавени или екранизирани пред промоцијата, па сега остана уште една, симболично насловена „Не ми е до песна“!

„Ако сум искрен, ако сметаш дека грешам, се грижам затоа болам! Не сум тука да ве тешам! Тука сум да кажам свој став! Крив или прав! За да те погледнам во очи и ти кажам: „ТУКА СУМ БРАТ!“, искрен е битолчанецот во новата песна, за која вели дека му е една од омилените и додаде дека видеото воопшто не било во план, ама на неговото патување низ Европа се изнаснимал еден тон видеа и некако убаво со поклопиле.

„Кога животот ми дава 10 теста, тогаш кога најмногу ме боли се смеам, но не ми е до песна! Мене не ми е до песна! Кога мислиш работата ми е лесна, мислиш дека морам да ти пеам, извини! Но, не ми е до песна! Денес не ми е до песна!’“, пее тој во новиот сингл, а зошто не му е до песна, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑