Концерт whitesnake-sk

16 април, 2015

На „Вајтснејк“ за 990 денари!

Познати се сите детали околу влезниците за еден од најголемите рок бендови на сите времиња „Вајтснејк“ (WHITESNAKE), кој во рамките на новата светска турнеја „PURPLE TOUR“ ќе го посети и Скопје со голем концерт на 25 ноември во арената „Борис Трајковски“, јавуваат од „Авалон продукција“.

Влезниците за овој голем спектакл за целата светска турнеја во продажба ќе бидат пуштени на 17 април (петок), а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.comсо следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 990,оо денари;
ТРИБИНА – 1200,оо денари;
ФАН ПИТ – 1500,оо денари (само 1000 билети);

Како што претходно Ви пренесовме, Дејвид Кавердејл одлучи да сними албум на кој ги стави своите омилени песни кои ги отпеа во периодот од 1973 до 1976 година, на албумите од „Дип парпл“ – „Burn“ , „Stormbringer“ и „Come Taste the Band“, песни кои во најголем број ги напишаа заедно со легендарниот Ричи Блекмор.

 

За овој албум Кавердејл изјави:
„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност кон групата „Дип парпл“. Како што неодамна му реков на Ричи – вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое сè уште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во ’виолетова’ магија!“

Навистина се работи за „once in a life time“ концерти на „Вајтснејк“, со единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите „Дип парпл“ хитови  Burn“, „Stormbringer“, „Soldier of Fortune“, „The Gypsy како и „Вајтснејк“ хитовите: Here I go Again“, „Fool For You Loving“, „Still Of The Night“, „Is this Love“ 

Авалон продукција“ освен во Скопје е организатор на концертите на „Вајтснејк“ и во Белград  на 22.11.2015 во салата „Пионир“ и Загреб  на 21.11.2015  во КЦ „Дражен Петровиќ“ (Цибона).



Врати се горе ↑