Концерт 1r-sk

21 ноември, 2014

На „Уан репаблик“ во Скопје за 990 денари!

Како што Ви пренесовме неодамна, најактуелната поп-рок група „Уан репаблик“ доаѓа во Скопје на 1 јуни следната година, а поради огромниот интерес, „Авалон продукција“ во договор со менаџментот на групата реши влезниците за концертот да бидат пуштени во продажба од понеделник – 24 ноември во 9.00 часот наутро, по следниве цени:

ПАРТЕР – 990,оо денари;
ФАН ПИТ – 1500,оо денари;
ВИП ГАЛЕРИЈА – 1500,оо денари;

Делува неверојатно фактот дека во Европа ќе може да се гледа во моментов најактуелниот светски бенд за 15 евра, но важно одиме понатаму! Иако до концертот има доста време, капацитетот е ограничен (особено ФАН ПИТ и ВИП ГАЛЕРИЈА), па Ви советуваме да си ја набавите Вашата влезница на време, порачуваат од „Авалон продукција“.

Во продолжение, како загревање, уживајте со изведбата во живо на хитот „Love Runs Out“!

 



Врати се горе ↑