14 април, 2016

„На сон ми доаѓаш“ е новата песна на „Куку леле“

На сон ми доаѓаш“ е насловот на новата песна на дуото „Куку леле“, чиј комплетен автор е Роберт Саздов. Видеото е микс со сегменти од нивните настапи и дел снимен со членовите на дуото Роберт Саздов и Сашо Каимовски – Панки и девојката-модел, која во спотот игра бизнис дама.

Песната е малку поразлична од она што сме навикнале да слушаме од познатата група, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑