Видео ајвар

6 октомври, 2017

На „Солза и смеа“ им лути ајварот

Ако нешто е карактеристично за есенските денови во Македонија, тоа е подготовката на зимница, а особено на ајвар, па воопшто не е чудно што овој вкусен деликатес е опеан и во песни. Токму тоа го направи и екипата на битолското драмско студио „Солза и смеа“, која на веќе добро познатата мелодија на хитот „Све је лаж“ од Дино Мерлин направи пародија насловена Ти лути ајваро.

Пред неколку години за „Ајвар, леб и сирење“ пееја и нивните сограѓани од бендот „3G“, како и Емил Арсов со Тончи Хуљиќ, а како звучи лутиот ајвар на „Солза и смеа“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑