Балкан maxresdefault

8 октомври, 2017

На Славко му летна плетенката, но продолжува понатаму во британскиот „Х фактор“

Црногорскиот актер и пејач Славко Калезиќ се натпреварува во тековната сезона на британскиот „Х фактор“, а после првата аудиција, тој уште еднаш се докажуваше пред жирито и во втората фаза од натпреварот – регрутниот камп. Во овој дел кандидатите прво пееја во групи по 4, а потоа уште еднаш самостојно, и тоа пред 4-илјадна публика во арената „Вембли“ во Лондон.

Црномурестиот шоумен и годинашен евровизиски претставник на Црна Гора наиде на одличен прием кај публиката и кај жирито, но со исклучок на Сајмон Кауел, кој сметаше дека не му е местото тука. Калезиќ овој пат се претстави со темата „Where Have You Been“ од Ријана, а настапот беше зачинет со неговото енергично танцување, при што не ни забележа дека остана без неговиот заштитен знак – долгата плетенка!

За среќа, тоа не влијаеше врз впечатокот и одлуката на жирито, кое реши да му даде уште една шанса и го прати во следната фаза. На самиот крај од епизодата беше откриено и кои ќе бидат ментори на четирите категории, а на Славко му се оствари желбата да го подучува Никол Шерцингер! Како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑