Свет photo_1455616654

16 февруари, 2016

На синот на Дејвид Боуви не му се допаднал настапот на Лејди Гага?

На синоќешното, 58. по ред доделување на музичките награди Греми, Лејди Гага имаше одличен настап во чест на неодамна починатиот британски музичар, легендарниот Дејвид Боуви. Голем дел од публиката и колегите ја пофалија талентираната пејачка и актерка, која за својата улога во серијата „Американска хорор приказна: Хотел“ веќе го заработи и својот прв Златен глобус, но се чини дека настапот не му се допаднал на синот на покојниот музичар, Данкан Џонс.

Имено, тој на својот профил на Твитер напишал: „’Превозбуден или нерационален, типично како резултат од заслепеност или преголем ентузијазам, ментално збунет.’ По ѓаволите! Каков е тој збор?!“

Неговиот твит е мошне нејасен, па повеќемина не можеа да сфатат за што всушност станува збор. Некои ја одбранија Гага дека одлично си ја сработила зададената задача, додека други рекоа дека Данкан има право на свое мислење, бидејќи сепак се работи за неговиот татко.

Настапот на пејачката беше збогатен со иновативната технологија на компанијата „Интел“, а доколку не сте го виделе досега, како изгледаше сето тоа синоќа на сцената во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес, можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑