Настани Rudimental - foto za soopstenie

16 ноември, 2013

На Рудиментал за 600 и 800 денари!

Познати се сите детали околу цената и продажбата на влезниците за најголемата предновогодишна забава во Скопје, настапот на drum’n’base сензацијата РУДИМЕНТАЛ – диџеј сет, информираат од Авалон продукција. Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 18-ти ноември, на сите продажни места на билет сервисот www.kupikartizase.com

Цената на влезниците  за РУДИМЕНТАЛ е поделена во две категории:

Партер: 600,оо денари – 9.75 евра

Галерија: 800,oo денари – 13 евра

Вип : информации и резервации на 071 318 966 и 070 260 350

Како што предходно Ве информиравме, настапот на РУДИМЕНТАЛ ќе се случи на 15-ти декември во салата „Експо Центар“ во Скопје, со почеток од 22 часот, а како специјален гостин истата вечер со свој диџеј сет ќе се претстави и SevdahBABY.

Бројот на влезниците е ограничен само на 2000, Ве молиме побрзајте!



Врати се горе ↑