Македонија Dani Dimitrovska

25 јуни, 2013

На покана на кралицата Нур, Дани го отвора „Детскиот Арапски Конгрес’’

Дани деновиве замина за Аман, Јордан, каде свечено ќе го отвори традиционално најпознатиот и најголемиот детски конгрес „Arab Children Congress“. Имено, на самото отворање, Дани во својство на Y-Peer Амбасадор на глобално ниво, ќе добие златна плакета, лично од кралицата Нур, за најзините заложби, активности и несебична инволвираност во едукација на младите како и поддршка на младиот арапски свет во донесувањето одлуки и активно учество во општеството.

Дани последните две години беше фокусирана на реализацијата на бројните проекти, посетуваше тамошни училишта, разговараше со активисти од Y-Peer мрежата, споделуваше искуства, настапуваше со свои и заеднички песни направени со музичари од тој регион.

„По седум години амбасадорство во глобалниот проект за млади кој се однесува на едукација на децата за донесување на одлуки и активно учество во општеството, на покана на кралицата Нур свечено го отворам овој голем конгрес и го заокружувам моето учество во Y-Peer мрежата’’ – вели Дани.

Оваа значајна плакета ја имаат добиено амбасадорите на добрата волја како Анџелина Џоли, Рики Мартин и бројни тамошни познати лица.

По враќањето од Јордан, следува концертен настап на отворањето на големиот Пиво Фест во Прилеп, кој ќе се одржува од 18-21 јули, а на песната насловена „Never Give Up“ која Дани ја отпеа заедно со Карим Камел и Си Лемхаф можете да се потсетите на следниот линк.



Врати се горе ↑