Свет 1069353_172678072910842_1662324288_n

2 септември, 2013

На новиот албум на Дрејк ќе гостува и неговиот татко

Популарниот рапер Дрејк ќе го претстави својот трет студиски албум во септември, а помеѓу колегите кои гостуваат на ова издание ќе биде и неговиот татко Денис Греам, кој своевремено свирел на тапани со славниот Џери Ли Луис. Греам ќе се појави во бонус песната насловена „Heat Of The Moment“, а на некој начин ова ќе биде второ гостување во песна на неговиот син, бидејќи неговиот вокал е семплуван во песната „Jodeci Freestyle“, заедно со Џеј Кол.

 За новата соработка со својот татко, Дрејк изјавил: „Го живеам сонот на мојот татко. Тој сакаше да биде познат пејач. И сега татко ми гостува во уште една бонус песна на албумот“, додавајќи: „Сè што сака тој е да оди на улицата Беал во Мемфис и да свири. Повторно ја откри својата страст за музиката. Како и во секое друго семејство, имавме и мрачни периоди. Имаше интервјуа во кои ме прашуваа за татко ми, а јас не сакав да зборувам за него… А имаше и албуми на кои не го прикажав како најдобриот татко на светот… Но, кога сето тоа ќе се собере и одземе, татко ми знае дека го сакам и дека ми е добар пријател, а што се однесува на татковството, се радувам што ќе бидам подобар татко за моите деца. Но тој е одличен човек и многу го сакам.“

Претстојниот албум „Nothing Was The Same“ е закажан за 24-ти септември, а покрај неговиот татко, гостуваат и колегите Џеј Зи и Лил Вејн. Во продолжение погледнете го неговиот настап на неодамнешните MTV VMA 2013.

 



Врати се горе ↑