Концерт kupi karti za se (2)

27 февруари, 2014

На концертот на Кики Лесендриќ ќе гостуваат само Тамара, Илма и Александра

После демантот по повод концертот на Кики Лесендриќ  и групата Пилоти закажан за 14.03.2014, во арената Борис Трајковски, кој МБК продукција го испрати и нагласи дека не станува збор за концерт на финалистите на Х фактор, поедини македонски медиуми, а и на официјалниот сајт за продажба на карти на организаторот на концертот сè уште се најавува како концерт на Финалистите на Х Фактор (фотографија горе).

МБК Продукција поради новонастанатата ситуација одлучи на споменатиот концерт како специјални гости да присуствуваат финалистите нa Х Фактор, но само од групата на Кики ЛесендриќТамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, поради веќе воведената пракса секој ментор да ги промовира своите кандидати.

„Споменaтите финалисти ќе го поддржат концертот на Кики Лесендриќ, а оваа можност ќе ја искористат да ги повикаат сите љубители на ова популарно шоу да дојдат на спектакуларното финале во Комбак Арената во Белград кое ќе се одржи на 23 март. Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на X Фактор ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во месец април оваа година.“ – пишува во соопштението на продукцијата МБК.



Врати се горе ↑