Концерт

15 април, 2016

На концертот на Енрике за 1.500 денари!

Концертот на Енрике Иглесијас што ќе се одржи на 20 јуни во СЦ „Борис Трајковски“, го има предзнакот суперексклузивен затоа што станува збор за концерт со најмал капацитет од сите простори кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот. И покрај тоа, цените на влезниците се далеку поефтини од било кој концерт во земјите од Европа каде има арени со капацитет од 18.000 посетители, соопштија од „Авалон продукција“.

Продажбата на влезници ќе почне од понеделник, точно во 9 часот, на сите продажни места на „Купи карти за сè“ и „Тикет плус“, како и онлајн, по следниве категории:

GOLDEN PIT PARTER- 1.500 денари (поради бината која има испуст од 17 метри и гледачот ќе има ексклузивна можност да го гледа Енрике Иглесијас од блиска позиција).
– ТРИБИНА (на седење, нумерирано) 1.990 денари
– GOLDEN SEATS TРИБИНА (на седење, нумерирано) 2.600 денари
– VIP 3.100 денари

Со оглед на малиот капацитет на салата, влезниците се без конкуренција најефтини од цела негова турнеја. Првиот светски артист од А листата на изведувачи кој воопшто дошол во Македонија, доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“…, кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.

ВАЖНО: Втор концерт нема да има!

13007214_1256283294399695_2102382836841916591_n


Врати се горе ↑