Концерт

12 септември, 2018

На Ерос Рамацоти со почетна цена од 1.990 денари!

Познати се сите детали околу влезниците за ексклузивниот концерт на Ерос Рамацоти во Скопје, закажан за 30 септември 2019 година, во ВИП Арена. Концертот на Ерос во Скопје носи префикс на ексклузивен затоа што ќе се одржи во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што тој настапува, велат од „Авалон“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, (четврток, 13.09) во 9 часот наутро, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1.990 денари
ФАН ПИТ- 2.990 денари (само 1.000 влезници)
ТРИБИНА (блок 1 и 15)- 2.500 денари
SILVER SEATS (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)- 2.990 денари
GOLDEN SEATS (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)- 3.990 денари

Билетите ќе може да ги набавите онлајн преку аvalon.mk.

НА EROS RAMAZZOTTI СО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1990 ДЕНАРИ ПАРТЕР!ВЛЕЗНИЦИТЕ ВО ПРОДАЖБА ОД ЧЕТВРТОК, ПРЕКУ ТИКЕТ СИСТЕМОТ И…

Gepostet von Avalon Produkcija am Dienstag, 11. September 2018

Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос-доживување, низ годиниве покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.



Врати се горе ↑