Настани

26 февруари, 2019

На „Егзит“ доаѓа водечкиот глобален хитмејкер на денешницата – диџеј Снејк

Диџеј Снејк (DJ Snake)еден од најпопуларните музички изведувачи на светот и автор на низа најслушани глобални хитови, го потврди својот настап на главната бина на фестивалот „Егзит“, во сабота, 6 јули! Мегахитовите кои ги потпишува францускиот суперстар, како „Taki Taki“, „Lean On“, „Turn Down for What“ и други успеаја да стигнат до вртоглави осум милијарди прегледи на „Јутјуб“ и пет милијарди слушања на „Спотифај“! Најпопуларните светски музичари како што се Лејди Гага, Ед Ширан, Карди Би и Скрилекс се тркаат за соработка со него, а меѓу нив е и Џастин Бибер, кој гостуваше на неговата нумера „Let Me Love You“, чии прегледи на видео сервисите веќе достигнаа импресивни 1,4 милијарди!

 

Неговиот мегахит „Taki Taki“, на кој гостуваат Карди Би, Озуна и Селена Гомез, за само четири месеци надмина милијарда видео прегледувања, бројка која ниту едно друго видео ја нема достигнато за толкав период! Уште еден рекорд држи со хитот „Lean On“ и групата „Мејџор лејзер“а кој покрај тоа што има повеќе од 2,5 милијарди  прегледувања на „Јутјуб“ воедно беше и најслушаната песна на „Спотифај“ од нејзиното основање! Популарниот парижанец денес е хедлајнер на најголемите светски фестивали, како што се „Коачела“, „Лолапалуза“, „Тумороуленд“ и многу други, каде неретко се наоѓа како единствениот диџејски хедлајнер во ранг со најголемите групи на денешницата, како „Д Килерс“, „Мјуз“ или „Мигос“! Диџеј Снејк е добитник на две „Билборд“ и една „Ем-ти-ви“ награда, а првата номинација за „Греми“ му ја донесе соработката со Лејди Гага на албумот „Born This Way“. Поради овие неверојатни успеси, медиумите го споредуваат со неговиот сограѓанин Дејвид Гета, а кога станува збор за ова градско ривалство, интересно е и тоа што Снејк е првиот музичар во историјата кој со директен пренос настапи на славната Триумфална порта во Париз, додека на Петроварадинската тврдина во Нови Сад доаѓа директно од уште еден настап во Франција, и тоа на тврдина од 17. век!

Талентираниот Французин со алжирско потекло го објави албумот „Encore“ во 2016 година, како и вкупно 23 синглови, од кои повеќето се позиционираа на топ-листите ширум светот. Последниот во низата, „Taki Taki“, се искачи на првата позиција во дури петнаесет земји, додека дури и после четири месеци е на самиот врв на топ-листите во целиот свет, вклучувајќи и во регионот. Омаж на неговиот оригинален музички стил даде и магазинот кој претставува Библија во музичката сцена, „Ролинг стоун“, наведувајќи дека „Диџеј Снејк ја усовршува својата сопствена отровна, непопустлива, архетипска верзија на бас музика, на која можете да скокате горе-долу“. Диџеј Снејк е дел и од „Пардон мај френч“ (Pardon my French), француски диџејски колектив, и основач на сè повеќе популарната издавачка куќа „Премиер клас“ (Premiere Classe).

На Петроварадинската тврдина на наредното издание на фестивалот „Егзит“ од 4 до 7 јули ќе зачекорат некои од најактуелните имиња, но и живи легенди на светската сцена, меѓу кои се рок-титаните „Д Кјур“, рок-бендот за кој моментално најмногу се пишува, „Греат Вен Флит“, најпознатиот диџеј на сите времиња Карл Кокс, официјално најпопуларниот диџеј тандем Димитри Вегас и Лајк Мајк, хитмејкерите „Лост фрикуенсис“, „Софи Такер“ и Том Вокер. Тука се и Масео ПлексШарлот Де Вит, Борис Брејча, Пеги Гу, Џеф Милс, Амели Ленс, Дакс Џеј, Фил Анселмо, Тарја Турунен, но и плејада други сјајни бендови и изведувачи, од кои голем дел ќе бидат објавени во наредните недели.

Актуелните ЕГЗИТ-влезници носат заштеда од дури 55%!
Во моментов во продажба е ограничениот контингент комплет ЕГЗИТ-билети по цена од 3.580 денари, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената на влезниците за првиот фестивалски ден, кога настапуваат „Д Кјур“, изнесува 1.675 денари за партер и 2.495 денари за Фан Пит, додека цената за Голд Вип дневните влезници за 4 јули е 6.515 денари. Влезниците за ЕГЗИТ може да се набават преку официјалната страница на фестивалот exitfest.org и официјалниот тикет-сервис за ЕГЗИТ во Македонија www.mktickets.mk .



Врати се горе ↑