Концерт Facebook-Cover

27 септември, 2013

На Дип Парпл за 1490 денари!

Влезниците за белградскиот концерт на еден од најголемите хард рок бендови на сите времиња Дип Парпл, од понеделник ќе бидат пуштени во продажба преку системот на www.eventim.rs за Србија и цела Европа, а за Македонија билетите ќе се продаваат преку билет сервисот  kupikartizase.com. Цените на влезниците за концертот на 18-ти февруари следната година во Комбанк арената се најефтини на целата турнеја и можат да се набават по неверојатни 1.490 денари за ПАРТЕР!

На трибина цената за GOLDEN SEATS категоријата е 1.790 денари, а за најдобрите места за седење во категоријата PURPLE SEATS цената е 2.100 денари. Фановите кои сакаат да го слушаат Гилан и екипата од првите редови пред бината во категоријата FAN PIT (во која бројот на влезници е ограничен на 1500) ќе треба да одвојат 1.990 денари.

Концертот во Србија воедно ќе биде и единствениот на територијата на поранешна Југославија и поширокиот регион.

 

ПАРТЕР – 1.490.00 денари

GOLDEN SEATS – 1.790.00 денари

PURPLE SEATS – 2.100.00 денари

FAN PIT – 1.990.00 денари



Врати се горе ↑