Свет kurt-kobejn

20 февруари, 2013

На денешен ден е роден Курт Кобејн

На денешен ден е роден Курт Доналд Кобејн, американски музичар, напознат како водечки вокал, гитарист и текстописец на легендарниот бенд Нирвана. Со песната „Smells Like Teen Spirit“ од нивниот втор албум „Nevermind“ (1991), бендот се стекна со светска слава, популаризирајќи го поджанрот на алтернативниот рок наречен гранџ. Повеќе други бендови од Сиетл (на пример: Алис ин Чеинс, Прл Џем и Саундгарден) кои во истиот период го свиреа овој вид на музика се здобија со свои обожаватели. Како резултат на тоа, во почетокот и средината на деведесеттите години од минатиот век алтернативниот рок стана доминантен жанр на радијата и музичките телевизии ширум светот. Нирвана стана група предводник на таканаречената Генерација Икс, а Курт Кобејн како водач на групата Нирвана од медиумите е обележан како гласник на генерацијата. На Курт Кобејн ова не му се допаднало, па затоа се фокусира кон музиката. Тој смета дека пораката на бендот и неговата артистичка визија се погрешно сфатени, па затоа ја предизвикува публиката со третиот албум на Нирвана, „In Utero“ (1993).

За време на последните неколку години од неговиот живот, Кобејн водел борба со зависноста од дрога, како и со низа професионални и приватни притисоци кои го опкружувале него и неговата сопруга, музичарката Кортни Лав. На 8-ми април 1994 година, Кобејн е пронајден мртов во својот дом во Сиетл, според официјалните наоди тој претставува жртва на самонанесена истрелна рана во главата. Околностите под кои се случила неговата смрт станале интересна тема за дебата низ медиумите.

Хитови кои добро се паметат од Нирвана, покрај „Smells Like Teen Spirit“, се и „Come As You Are“, „The Man Who Sold The World“, „In Bloom“, „About a Girl“ и многу други.



Врати се горе ↑