Свет ELVIS

8 јануари, 2013

На денешен ден е роден Елвис Пресли

На денешен ден, 8-ми најуари 1935 година е роден Елвис Арон Пресли (Elvis Aaron Presley), кој е еден од најпознатите американски пејачи и актери, икона која го одбележа 20-тиот век, често нарекуван и „Кралот на рок енд рол музиката“ или едноставно Кралот.

Роден во Тупело, Мисисипи, Пресли се преселил во Мемфис, Тенеси заедно со неговото семејство кога имал 13 години, каде што ја започнал и неговата кариера во 1954 година, работејќи со сопственикот на Сан Рекордс, Сем Филипс, кој сакал да го популаризира звукот на африканско-американската музика. Заедно со гитаристот Скоти Мур и басистот Бил Блек, Пресли ја популаризирал рокабили музиката, мешавина од кантри и ритам и блуз. Првиот сингл на Елвис „Heartbreak Hotel“ e издаден во јануари 1956 година, кој веднаш стана хит број 1. Во истата година Елвис го имаше и неговото филмско деби во филмот „Love Me Tender“.

Елвис беше еден од најпопуларните актери и пејачи во тој период, а бројот на оригинални снимки се движи од 665 до 771. Неговата кариера започна и беше најуспешна во времето кога сингловите беа најпопуларен медиум за поп музиката, затоа и не може точно да се определи бројот на официјални студиски албуми. За време на шеесеттите години тој повеќе снимаше саундтрак албуми за филмовите во кои ги играше главните улоги.

Вкупниот број на филмови во кои се појавува Пресли е 33, 31 од нив се мјузикли, а 2 се концертни документарни филмови. Тој се смета за една од најважните личности од популарната култура во дваесеттиот век. Елвис најпродаван соло артист во историјата на поп музиката, има добиено 3 Греми награди (номиниран за 14), а на возраст од 36 години ја прими Греми наградата за животно дело.

Неговиот живот го следеа и голем број контроверзии, па големата зависност од лекарства беше причината за неговата прерана смрт на 16-ти август 1977 година, кога имаше 42 години. Елвис сè уште е голема инспирација за музичарите ширум светот, а за него се снимени и голем број филмови.

Во продолжение да се потсетиме на неколки големи хитови кои се популарни до ден денес, како што се „Jailhouse Rock“, „Blue Suede Shoes“, „Hound Dog“, „Suspicious Minds“, „Devil in Disguise“ како и баладите „Are You Lonesome Tonight?“, „Love Me Tender“, „It’s Now Or Never“, „Always On My Mind“ и многу други.

Jailhouse Rock

 

Blue Suede Shoes

 

Hound Dog

 

Always On My Mind

 

Are You Lonesome Tonight?

 

Suspicious Minds



Врати се горе ↑