1 септември, 2017

На „Бекдор бенд“ и Џими Монсон им се собраа „Премногу луѓе“

Охридскиот рок состав „Бекдор бенд“ деновиве го промовираше своето ново видео за синглот насловен „Тoo Many People“. Станува збор за соработка со колегата од данскиот бенд „Блендед бру“, Џими Монсон, кој работеше на миксот и мастерингот, а видеото снимено во Охрид го изработи Пеце Настевски. Песната воедно е најава за она што следи од охридските рокери, а тоа е нивниот долгоочекуван деби албум.

Инаку, бендот е основан во 2010 година, а досега имал бројни настапи во регионот, како и мини-турнеи во Норвешка, Данска, Германија, Романија и Албанија. Познати се и како организатори на првомајскиот фестивал „Трак енд рол“, а вокалистот на бендот, Жарко Јакимоски, настапува и на популарните „Рок симфонии“ на Камерниот оркестар на Битола.



Врати се горе ↑