Македонија prilep fest, gavazova, mitev, tarculovska

8 мај, 2013

На 30-ти мај јубилејно издание на Прилеп Фест

Овогодинешното издание на фолк фестивалот Прилеп фест ќе се одржи на 30-ти мај. Локацијата традиционално останува иста – Домот на културата Марко Цепенков. Јубилејнотот 5. по ред фестивалско издание и годинава ќе ја собере домашната фолк елита, па така на сцената во Прилеп меѓу другите ќе ги видиме и чуеме Сузана Гавазова, Јордан Митев, Соња Тарчуловска, Гонце Гогова… А секако нема да изостанат ниту гостите од надвор – овојпат ќе имаме дури тројца изведувачи од соседна Бугарија, ексклузивци на продукцијата Пајнер, и тоа Рајна, Надја и Васил.

За најдобрите повторно ќе има и награди, и тоа оние од стручното жири и публиката, но и акредитираните новинари, потоа признанија за сценски настап, дебитант, интерпретација, најслушана песна меѓу две фестивалски изданија… Прилеп фест е во организација на Бокс продукција, а на фестивалската сцена ќе бидат отпеани дваесетина теми, кои веруваме ќе го најдат своето место меѓу љубителите на фолкот.



Врати се горе ↑