Аудио

15 февруари, 2018

На „2Бона“ им е „Доволно“

Хип-хоп, трап и ар-ен-би дуото „2Бона“, кое дебитираше на музичката сцена во 2015 година, деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Доволно“, кој доаѓа после минатогодишните „Премногу“ и „Би направил сè“, во соработка со колегата Слаткаристика.

Како автори на песната се потпишуваат самите членови на дуото, односно музиката е на Марко Јелиќ – Кун, а стиховите им се заеднички со Антонио Стојановски – Тонито,  додека за миксот и мастерингот се погрижи Тракер. Сето тоа во продукција на „Иноватива груп“ и „С.Б. Студио“ можете да го слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑