МАРС 2015

Posted by МАРС on среда, 4 ноември 2015

6 ноември, 2015

На 24 ноември 8. издание на „МАРС 2015“

Македонскиот радиски фестивал, или „МАРС 2015“, и оваа година ќе ги промовира највртените македонски хитови испеани од најпопуларните домашни изведувачи. Манифестацијата овој пат, наместо на традиционалната локација – Универзалната сала, ќе се одржи во Македонската опера и балет, а сите детали, награди, изведувачи, песни, водители за настанот ќе бидат откриени на прес конференцијата закажана за 11 ноември во 12. часот.

Засега се познати само имињата на специјалните гости од регионот, а тоа се босанската легенда Хари Варешановиќ и популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ. Фестивалот ќе биде пренесуван во живо на првата програма на МРТ, на 24 ноември, со почеток од 20.30 часот.



Врати се горе ↑