За Вас

21 февруари, 2017

Музиката делува на мозокот како дрога, тврдат научниците

Добрата музика делува како хероин, а токму тоа го докажаа група научници во своето најново истражување, кои тврдат дека таа го има истото влијание врз одредени делови на мозокот како што има дрогата. Имено, хероинот и други слични опијати предизвикуваат силна еуфорија во истите делови на мозокот како и музиката.

„Ова е прв доказ дека опијатите на мозокот се директно вклучени во музичкото задоволство. Еден учесник изјави дека ’знаел оти ова е неговата омилена песна, но не го прави да се чувствува како вообичаено’, а друг дека ’звучи уваво, но нема никаков ефект.’ Новите откритија дополнително докажуваат колку музиката влијае врз нашиот организам“, вели Даниел Левитин, когнитивен присхолог при Универзитетот „МекГил“.

giphy (1)

Сето тоа се должи на лекот „Налтрексон“ (Naltrexone), кој привремено ја онеспособува областа од мозокот која се возбудува при земање на хероин. Тој исто така го намалува задоволството после физичка активност, го намалува крвиот притисок и апетитот во текот на оброците и ја ублажува болката и лошото расположение.

Под дество на „Налтрексон“, на учесниците им биле пуштани нивните омилени песни, при што имале ублажени емотивни реакции бидејќи нивните рецептори за задоволство во мозокот биле привремено умртвени и не уживале во музиката како претходно. Сè што имале е сеќавање на уживањето во песната, баш како дрога.

giphy

Ако некогаш сте се прашувале што стои зад изразот „музиката е мојата дрога“, тогаш ова е одговорот. Ако не слушате музика, помалку сте среќни. И тоа не е сериозно како кај хероинот, бидејќи музиката е поздрава и многу помалку опасна дрога!



Врати се горе ↑