Концерт derik mej kanceska milevska

18 јуни, 2014

„Музика универзалис“ – музичко-сценски настан со Дерик Меј и Македонската Филхармонија

На 2 август во Античкиот театар во Охрид, најпознатиот американски диџеј Дерик Меј ќе одржи концерт заедно со Македонската филхармонија.  Станува збор за музичко-сценскиот настан „Музика универзалис“. Концертот ќе биде спој на електронска и класична музика на симфонискиот оркестар, проследена со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка и специфични костими.

Проектот е под покровителство на Министерството за култура. Организатор е продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец нејзиниот сопственик и продуцент Огнен Узуновски. За оркестарските аранжмани на музиката на Меј е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан, а за визуелното обликување на концертот – режисерот Игор Иванов.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција денеска истакна дека се работи за ексклузивен настан, замислен како музичко движење кое создава нови енергии и кој на македонската публика ќе ѝ го доближи оригиналниот стилски израз на продуцентот и композитор на електронска музика Дерик Меј.

Извор и фотографијаwww.mrt.com.mk



Врати се горе ↑