Настани 12342549_10206366121973033_4391804003725599412_n

10 декември, 2015

Музика и стенд-ап комедија за помош на Гого

Во изминатиов период битолчани се ангажирани со организирање на бројни хуманитарни настани со цел да му помогнат на својот сограѓанин Горазд Николоски – Гого, кому неодамна му беше дијагностициран малиген коскен тумор на десната нога и кој е на лекување во Словенија. Еден во низата настани е и хуманитарниот концерт на култната битолска група „Фолтин“, кој ќе биде збогатен и со стенд-ап комедија, со комичарите Маријан Ѓоргиевски и Љупчо Крстевски (К-15).

„Местото каде што можеме да ја акумулираме целата позитивна енергија и да ја испратиме на адресата на Универзитетски клинички Центар во Љубљана. Да биде гориво со чија помош ќе возат сите сили на Гого, кои ќе му овозможат нови акробации, авантури и можност за праведна трка со висок старт“, се вели во соопштението за настанот закажан за недела, 13 декември, во Центарот за култура во Битола, со почеток од 18.00 часот.

Истиот ден, во култното кафуле „Порта џез“, хуманитарен концерт ќе одржи и познатиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски, што е уште една одлична можност за битолчани ем да се забавуваат, ем да донираат за својот сограѓанин.

За сите што сакаат да му помогнат на Гого, истото можат да го направат на следните начини:

За корисниците на ОНЕ: 075 143 650

За корисниците на ВИП: 077 143 193

За кориснците на TЕЛЕКОМ: 070 143 191
(со секој повик донирате 100ден +18% ддв)

Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554
НЛБ тутунска банка: 210-5016692926-43
Горазд Николоски
Ул. Климент Охридски 3б
7000 Битола

Девизна сметка:
Acc No: 0230705560582
IBAN: MK07300307055605809
SWIFT: KOBSMK2XBTB

или на овие линкови:

gogetfunding.com/help-my-friend-to-win-the-fight-with-cancer/

generosity.com/emergencies-fundraising/save-a-leg-mims-s-brother-gorazd



Врати се горе ↑