Настани zemjotres (1)

15 декември, 2012

Музички „Земјотрес“ со нова македонска музика во МКЦ

Младинскиот културен центар во својата обновена денсинг-сала за 29-ти декември со почеток во 19 часот го најавува првото издание на фестивалот за независни издавачки куќи „Земјотрес“ на кој ќе биде претставена новата македонска музика, пишува Плусинфо. На ова издание ќе учествуваат шесте македонски независни издавачи „Направи заедно“, „Пи-ем-џи рекордингс“, „Е го еаст“, „К.Р.А.Н.“, „22 Рекордс“, „69 Рекордс“ и ќе се претстават 20 македонски изведувачи и бендови.

Во музичката програма на првиот „Земјотрес“ се најавени Кингс оф ајдл, Мајндлес вајоленс, битолското сурф-рок трио Молокаи, СИЗ, инди-рок бендот Д Џон, триото ХаХаХа, панк-рок бендот Фонија, Галатеа, Калчр дивелопмент, Астролангс, Демек, Џенерис, Герила, Хајдаут, Скриминг фор чејнџ, Дејв стендс.

Вечерта ќе ја збогатат и познатите скопските диџеј-артисти Роботек, Душко Јаневски и момците од „Кантон 6“ Мирко Попов и Синиша Евтимов. Влезницата за целовечерниот фестивал ќе биде по симболични 100 денари.

 

Извор и фото: plusinfo.mk



Врати се горе ↑